SEAT Arona SUV

Веќе се знаеше дека SEAT планираат да претстават SUV модел помал отколку Ateca, но сега Лука Де Мео, шефот на компанијата, потврди дека неговото име ќе биде Arona, и ќе се појави на пазарот во 2017-та.



Името Arona, како и останатите модели на SEAT, доаѓа од името на регион во Шпанија, од Канарските Острови. Моделот би требало да се појави подоцна идната година по новата Ibiza supermini, со која ќе ја делат истата платформа.

Како што се гледа од шпионските фотографии, на европските патишта веќе е започнато тестирањето на овој модел, кој треба да биде ривал на Nissan Juke и Renaul Captur.

И покрај тоа што значително е маскирано, кај возилото се забележуваат неколку детали како задните светла кои се идентични како оние кај новата SEAT Ateca, а слична е и линијата на кровот.

На предниот дел и покрај маската се забележуваат големи браници кои наговестуваат „напумпан“ псевдо-4x4 дизајн, а многу веројатно е дека продукцискиот модел ќе биде повеќе подигнат отколку хечбек моделот на Ibiza, што не е случај кај фотографираното тест возило.

Ентериерот се очекува да биде скоро идентичен од оној во наредната генерација на Ibiza, со опции како Android Auto и Apple CarPlay.

Новиов малечок SUV најверојатно ќе биде базиран на најмалата верзија на MQB платформата на VW Group, што донекаде е и потврдено од официјалните лица на SEAT кои имаат изјавено дека нивната фабрика во Марторел веќе се адаптира за изработка на автомобили со А0 платформа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...