2017 Suzuki Swift

Покрај првите шпионски фотографии од 2017 Suzuki Swift кои почнаа да циркулираат порано годинава, сега се појавија и нови чиј извор е јапонска брошура (за која од човек од Suzuki е потврдено дека е легитимна) која целосно, без камуфлажа, го прикажува овој модел.

Новите слики откриваат дека Swift во Јапонија ќе биде на располагање со погон на предните или на сите тркала, како и со SHVS 48v хибридниот систем на Suzuki. Сè уште не се знае дали секоја варијанта од јапонската брошура ќе биде понудена и на европскиот пазар, освен 1.0 литарскиот 3-цилиндричен Boosterjet бензинец.

Според сликите, новиот Swift ќе биде малку подолг, понизок и поширок од сегашниот модел, со што ќе биде по практичен. Се очекува и значително намалување на тежината, бидејќи ќе биде направен врз далеку полесната платформа која ја дели со моделот Baleno – основниот модел би требало да тежи околу 900kg, што ќе го прави исклучително економичен во поглед на потрошувачката на гориво, емисиите, и перформансите.

Во 2018-та ќе следи Swift Sport модел со 1.4 литарски, Boosterjet 4-цилиндричен турбо бензински мотор со 140 коњски сили, превземен од Vitara S.

Како и секогаш кога Suzuki се во прашање, принципот на добивање на најголема вредност за парите ќе продолжи да биде приоритет, и цените би требало да останат блиску до почетните 10 700 евра за основниот модел.

Се очекува целосно претставување на новиот Swift на Geneva Motor Show во март, иако не се очекува да се појави на пазарот до летото наредната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...