Тестирање на идната генерација на Porsche 911

Наредната генерација на Porsche 911 е повторно забележана како се тестира, овој пат во снежни зимски услови, во споредба со последниот пат кога е видена на стазата Нурбургринг.

За разлика од тој пат, каросеријата има незначително различен изглед, со задниот браник идентичен како оној од 911 Turbo моделот. Сепак, сè уште е рано да се интерпретира било кое од дизајнерските решенија во контекст на наредната генерација на 911.

Се претпоставува дека Porsche планира поширока подлога за новото 911, со тоа зголемувајќи ја стабилноста, нудејќи подобро управување и возачка динамика, а истото сугерира и на потенцијален модел со хибридна технологија (бидејќи за таа да се имплементира неопходен е поголем простор). Тоа на некој начин го имаат и потврдено инженерите од Porsche кои во интервју имаат изјавено дека планираат хибриден 911 модел, и дека тоа е можно да се случи во некоја од наредните генерации.

„Хибридизирањето“ на Porsche 911 ќе го направи овој модел многу поекономичен со значително редуцирани CO2 емисии, но задржувајќи ги високите перформанси.

Сегашната генерација на 911 сè уште има „живот“ во неа бидејќи последен пат е подновена во 2015-та, а се очекува да се појават и некои нови 991 модели пред да биде претставена наредната генерација на (хибридниот) 911.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...