2019 Mercedes GLA - најмалиот и најевтин член на SUV фамилијата

Од Mercedes планираат масовна реорганизација на нивната SUV линија со 5 нови модели до крај на декадата.

GLA кросоверот ќе биде најмалиот и најевтин член на таа SUV фамилија и иако сегашниот модел доби подновување во јануари, втората генерација веќе се развива и треба да дебитира во 2019-та.

На сликите и шпионските фотографии се гледа како би требало да изгледа новата верзија на овој ривал на Audi Q2, од кои најзабележителни се сменетите LED предни и задни фарови.

Меѓутоа, најголемите измени нема да бидат визуелни, туку „под хаубата“.

Со новата генерација на А-класата која треба да се појави во 2018-та, Mercedes планира да претстави и нова верзија на MFA архитектурата која моментално се наоѓа под хечбек и GLA моделите кои моментално се на пазарот. Наречена MFA2, новата архитектура ќе биде вградена во идната генерација на GLA моделите, кои ќе имаат поголемо оскино растојание и ќе бидат пошироки од сегашните, што значи и дека ќе имаат поголем простор во кабината.

Во поглед на моторите, новото GLA се очекува да ги има истите кои ќе бидат понудени кај идната A-класа – тоа значи новите модуларни 2.0 литарски 4-цилиндрични турбодизел (дел од инвестицијата на Mercedes од 2.5 билиони евра во дизел технологија) , кои треба да ја заменат сегашната 2.1 литарска линија мотори.

Понудени ќе бидат и 2.0 литарски 4-цилиндрични турбо бензински мотори, додека предводник на серијата ќе биде Mercedes-AMG варијантата со над 400 коњски сили. MFA2 платформата би можела да отвори пат и за plug-in хибридна технологија, која во секој случај прво би била испробана кај A-класата.

Во внатрешноста се очекува сосема нова архитектура, која нивното на технологија и финишот на изработка би ги приближила GLA моделите со оние од новата Е-класа. Тоа би вклучувало употреба на нови материјали, поедноставен изглед на командната табла и поголеми дигитални дисплеи, како и нова верзија на COMAND infotainment системот на Mercedes.

Новата GLA серија би требало да е опремена и со наредната генерација на полу-автономната технологија за асистенција при возење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...