2017 Toyota Yaris

Toyota ги објавија првите официјални слики на новата верзија на моделот Yaris кој на пазарот треба да се појави оваа година, нудејќи нов изглед, нова технологија и нов бензински мотор.

Во поглед на стајлингот, 2017 Yaris изгледа поспортски и е поширок од сегашниот модел. Предницата има по остар изглед со нов изглед на фаровите и предната решетка, додека измените кај задниот дел се во хоризонталните фарови и браникот.

Како опција ќе бидат понудени 3 нови дизајни на алуминиумските бандажи и 2 нови бои на возилата, а дел од додатната опрема ќе бидат и предни LED дневни светла, како и задни LED фарови.

Во однос на кабината, исто така ќе бидат понудени нови бои и трим опции, а како дел од стандардната опрема во возилата со “Mid“ трим, во инструмент таблата ќе биде вграден 4.2 инчен колор дисплеј

Кај моторите новитет е новиот 1.5 литарски 4 цилиндричен бензинец, кој ќе нуди поголема моќ, вртежен момент и перформанси, но и ќе ја подобри потрошувачката на гориво и ќе ги намали CO2 емисиите. Тој ќе има 110 коњски сили, 136Nm вртежен момент, а од 0-100км/ч ќе забрзува за 11 секунди.

Со новиот CVT менувач, од Toyota велат дека возилото ќе биде за 12% поефикасно од сегашниот модел, делумно благодарејќи на новиот систем за водено ладење на издувната цевка.

На располагање ќе биде и послаба верзија со 1.0 литарски, 3-цилиндричен турбо бензински мотор од 70 коњски сили, хибридна верзија со 1.5 литарскиот мотор, како и хечбек кој би можел да има до 212 коњски сили.

Во новите Yaris модели ќе бидат вградени мноштво системи за сигурносна асистенција на возачот, како на пример систем за предупредување пред судар со автономно итно кочење, автоматски долги светла како и систем за предупредување при менување на ленти.

Цените, како и деталните спецификации најверојатно ќе се знаат за време на одржувањето на Geneva Motor Show во март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...