2017 BMW 2 Series

Нова верзија на BMW 2 Series која на пазарот треба да се појави подоцна годинава е забележана на шпионски фотографии, а на автомобилот се забележуваат мали дизајнерски ревизии во однос на сегашниот модел, што го потврдува и недостатокот на замаскирани делови.

Разликите се скоро незабележителни – предницата има нови фарови со препознатливата шестоаголна форма (стил кој беше претставен во новата 5 series и моделите кои следуваа по неа), а според замаскираниот дел, најверојатно ќе следат суптилни измени на предната решетка, како и на изгледот на задните фарови.

Според фотографите кои се автори на сликите, кабината била покриена, што сугерира дека најголемите измени ќе бидат токму во неа. Доколку се суди според фејслифтот на 4 Series, кај новата 2 Series може да се очекуваат нови трим материјали, како и подобрување на infotainment системот со последната верзија на iDrive, како и на системите за асистенција на возачот.

Не се очекува дека BMW ќе ги променат моторите, имајќи в предвид дека тие беа подобрени многу скоро кај оваа серија – тоа значи дека на располагање најверојатно ќе бидат опциите помеѓу неколку 4-цилиндрични турбо бензински и дизел мотори.

Новата BMW 2 Series се очекува да започне со продажба ова лето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...