2018 Audi A6

Audi ја спремаат наредната генерација на нивниот A6 модел, кој бил забележан на шпионски фотографии за време на неговото тестирање, а кој треба на пазарот да се појави во 2018-та.

Петтата генерација на популарната ексклузивна лимузина на Audi ќе позајми многу елементи од новотo A4 во поглед на дизајнот и внатрешноста, а ќе биде базирана на сосема нова платформа, и за неа ќе бидат понудени нови мотори и технологија за кабината во однос на сегашниот модел.

Во поглед на дизајнот, новото A6 ќе биде едно од првите Audi модели под палката на Марк Лихте (новиот шеф за дизајн), што значи дека може да се очекува овој германски бренд конечно да прекине да ја следи стратегијата каде што моделите од разни класи се визуелно скоро идентични, освен во големината, и да се започне со стратегија каде што секој модел ќе си има сопствен индивидуален идентитет.

Додека Audi свесно ги дистанцира A6 од A8 во поглед на изгледот, внатрешноста на A6 ќе биде скоро копија на онаа од A8 – тука вклучувајќи ја технологијата како двојните touchscreen дисплеи на кои ќе се прикажуваат сите команди во врска со возилото. Од Audi исто така ветуваат нова touchscreen технологија со хаптички фидбек – прва во автомобилскиот свет.

А6 ќе ја дели новата MLB платформа со A8, редуцирајќи ја тежината за околу 100kg, а ќе биде еден од првите Audi модели со електричен систем од 48 волти и електрично турбо полнење превземено од новиот SQ7.

Електричниот систем ќе нуди автономни опции кои за првпат ќе ги видиме кај A8, во кои ќе биде вклучен „пилот при сообраќаен застој“. Тоа е систем кој ќе ја превзема целосната контрола врз возилото, овозможувајќи му независно да ја менува брзината и правецот на движење до брзини од 60км/ч.

Во поглед на моторите, понудени ќе бидат 2.0 литарски 4-цилиндричен дизел кој се претпоставува дека ќе биде најпродаван, како и 4-цилиндричен турбо бензински мотор, и 6-цилиндричен дизел. Штедливата plug-in хибридна e-tron верзија ќе има домет од 50km само со помош на батеријата, а сите модели најверојатно ќе имаат исклучиво автоматски менувач од 7 или 8 брзини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...