2018 Ford Focus

Ford ја спрема идната генерација на моделот Focus (ривалот на VW Golf и Opel Astra) која треба да се појави во 2018-та, а нејзин прототип со продукциската каросерија е забележан на шпионски фотографии, иако видно маскиран.

Колку што може да се забележи, новиот Focus нема да има комплетно сменет дизајн во однос на сегашниот, туку ќе го следи еволуираниот стил кој го имаат новите модели на Ford, како што е Fiesta-та – што се забележува во сличниот изглед на хоризонталните задни фарови.



Новиот Focus се очекува да биде изграден врз постоечката верзија на Global C-car платформата, со тоа што ќе биде зголемено меѓуоскиното растојание за да се подобри ентериерот и зголеми просторот за патниците на задните седишта, а ќе доаѓа во неколку варијанти меѓу кои и спортската ST-Line , луксузната Vignale, како и Active верзијата која ќе биде повисока од другите и ќе има дополнително обложување на каросеријата.

Внатрешноста ќе ги претрпи истите измени на командната табла како и новата Fiesta, со помалку копчиња и повеќе контрола преку 8 инчниот touchscreen дисплеј.



Од моторите, на располагање ќе биде 1.0 литарски 3-цилиндричен turbocharged бензински мотор со моќност од 100, 125 или 140 коњски сили, а можно е Ford да понудат и верзија со 85 коњски сили. Најпопуларна дизел опција ќе биде 1.5 литарската од 85 или 120 коњски сили, а најверојатно ќе се нуди и 2.0 литарски TDCi верзијата.

Се очекува новиот Focus да биде дел од 13-те електрифицирани модели на автомобили кои извршниот директор и претседател на Ford ги обеќа дека ќе се појават на пазарот пред крај на оваа декада, што ќе му да даде шанса да му конкурира на најновиот VW e-Golf и хибридните фамилијарни возила како Hyundai Ioniq и Kia Niro.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...