Porsche го претставија најмоќниот Panamera модел досега – Turbo S E-Hybrid купето со 4 врати, кој ќе дебитира на 2017 Geneva Motor Show.
Panamera Turbo S E-Hybrid има 4.0 литарски турбо V8 мотор од 550 коњски сили во тандем со електричен мотор од 135, и тотална моќност од 680 коњски сили и 850Nm вртежен момент. Погонот е на сите тркала, со 8 брзински автоматски PDK менувач.
Во поглед на перформансите, од Porsche велат дека овој модел е способен да забрза од 0-100км/ч за 3.4 секунди, со максимална брзина од 310км/ч – меѓутоа некои тестови направени од специјализирани автомобилски списанија и сајтови велат дека максималната брзина е поблиску до 320км/ч.
Потрошувачката на Panamera Turbo S E-Hybrid е 41km/l, со CO2 емисии од 66g/km.
Електричниот мотор е напојуван од 14.1kWh литиум јонски батерии кои можат да се наполнат за 6 часа со стандарден 3.6kW полнач, или за 2 часа и 24 минути со опционален 7.2Kw полнач. Само со вакво напојување, новата Panamera може да помине 50km со едно полнење на батеријата.
Во стандардна опрема со ова возило ќе спаѓаат јаглеродно-керамички кочници, динамична контрола на шасијата, како и воздушна амортизација со Active Suspension Management технологијата на Porsche.
Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid на пазарот во Европа ќе се појави во јули, а ќе постои и во Executive варијанта со меѓуоскино растојание зголемено за 15cm. Цените ќе започнат од околу 160 000 евра за обичниот модел, и 172 000 за Executive.