Mercedes AMG GT концепт

Mercedes ја привлекуваат публиката на 2017 Geneva Motor Show со нивниот нов концепт со 4 врати, AMG GT. Овa лимузинско купе е предвесник на продукцискиот ривал на Porsche Panamera, кој на пазарот треба да се појави во 2018-та.

AMG GT ќе биде првиот модел кој ќе ja користи етикетата EQ Power+, која означува дека се работи за хибриден модел кој користи микс од бензинска и електрична моќ за постигнување на максимални перформанси.

Дизајнот е сличен со сегашното AMG GT купе, со долгата и закривена хауба. Тука се и деталите како “Panamerica” вертикалниот дизајн на предната решетка, и тенките задни фарови. Концептот има централно поставен ауспух со заден дифузер од јаглеродни влакна, додека рачките од вратата се како оние кај Tesla моделите – тие се внатре во вртата и по потреба се извлекуваат нанадвор.

За подобрување на аеродинамичноста на AMG GT концептот, поставени се скриени камери на местата каде што на „обичните“ возила стојат надворешните ретровизори, како и подвишни радијаторски ролетни во отворите за довод на воздух кои го насочуваат каде што е потребно за максимална ефикасност – како кај AMG GT R.

Во изложениот концепт модел е вграден познатиот AMG 4.0 литарски twin turbo V8 мотор во комбинација со електричен. Не се знаат детали околу моќноста, но се очекува таа да е поголема од 600 коњски сили, а забрзувањето од 0-100км/ч би било за помалку од 3 секунди.

Во AMG GT би бил вграден 4MATIC+ погонот на сите тркала, кои моќноста на возилото ќе ја прераспределува на секое индивидуално тркало за да помогне при стабилноста и одржување на брзината во кривините.

Батерискиот систем ќе биде превземен од технологијата која ја користат Mercedes F1 автомобилите, за кој од AMG велат дека е помоќен од конвенционалните хибридни батерии, но истовремено е покомпактен и полесен.

Возилото ќе може да се движи само на електричен или на бензински погон, како и на комбиниран кој ќе биде стандарден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...