2017 Volkswagen Arteon

Во 2017 Volkswagen на пазарот ќе го претстави неговата нова лимузина наречена Arteon, која ќе биде ривал на BMW 4 Series Gran Coupe со купе стајлингот со 5 врати, новиот дизајнерски јазик на VW, и последниот VW infotainment систем и системи за асистенција на возачот.

Arteon ќе биде направен врз MQB платформата на VW Groups, а ќе биде долг 4,862mm. Од останатите VW модели ќе отскокнува благодарејќи на имплементацијата на новиот дизајнерски јазик инспириран од Sport Coupe GTE концептот на компанијата, претставен на 2015 Geneva Motor Show.

Внатре во кабината, ќе биде вграден долг хоризонтален систем за вентилација низ целата должина на командната табла, сличен на оној од моделот Passat. Позади ќе има 3 седишта со простор од 1016mm за нозете на патниците, кои доколку се превиткаат се добива багажник со волумен од 1557литри (563 при нормални услови).

Volkswagen ветуваат три разни „колор шеми“ на ентериерот на Arteon – црна, темно сива, и комбинација од тие две, додека во поглед на технологијата во кабината, на располагање ќе биде Active Info Display дигиталната инструмент табла на VW, новата серија на infotainment системи кои ќе вклучуваат стандарден 6.5 инчен дисплеј па до 9.2 инчен Discover Pro систем кој ќе може да се контролира со гестови.

При лансирањето на пазарот, на располагање ќе бидат 6 мотори.

Основната опција ќе се нуди со новиот 1.5 TSI бензински мотор од 150 коњски сили и технологија за деактивирање на цилиндрите, а ќе следат две 2.0 литарски опции – една од 190 коњски сили, и помоќна од 280 со 4MOTION погон на сите тркала како стандард.

Сите три дизел мотори ќе бидат 2.0 TDI, и тоа од 150, 190 и 240 коњски сили. 4MOTION погонот ќе биде понуден како опција на моделот од 190 коњски сили, додека кај оној од 240 ќе доаѓа како стандардна опција.

7 брзински DSG менувачи ќе бидат понудени за сите мотори, а ќе бидат стандардни на сите 2.0 литарски бензински модели, како и на најмоќниот дизел.

Подоцна би требало да се појави и хибриден модел кој најверојатно би го користел погонот од Sport Coupe GTE концептот од 2015, а тоа е 3.0 литарски бензински од 380 коњски сили во комбинација со електричен. Во концептуалната форма, VW кај овој мотор ветува импресивна економичност од 50km/l и CO2 емисии од 46g/km

Цената на основниот модел би требало да започне од 34 000 евра, па нагоре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...