Нова BMW серија 8

Серијата 8 на BMW ќе се врати во облик на голема луксузна лимузина, a ексклузивните слики и шпионските фотографии покажуваат како најверојатно ќе изгледа. Во минатото имаше објави дека оваа серија ќе го доживее камбекот во мај 2016 како ривал на Mercedes S-Class купето, а дури сега е забележана како се тестира во јавност.

Фотографиите покажуваат каросерија на големо купе, со стил сличен на оној на помалата серија 4, со препознатливата предна решетка на BMW. Се работи за автомобил со две врати, долга предна и задна секција и „пресечена“ задница слична на моделите од сегашната серија 6.

Повеќе детали се откриваат преку записите со кои се води евиденција на трговските марки, кои покажуваат дека BMW поднеле апликации за регистрација на имињата т.е бројките поврзани со оваа серија, вклучувајќи ги 825,830,835,845,850,860 и М850.

Одлуката на BMW да ја вратат назад серијата 8 е поради промената на концептот на она што серијата 6 треба да го претставува. Компанијата претходно немала ривал на Porsche 911, и претпочитала серијата 6 да биде поголем и потежок GT. Но со појавувањето на Mercedes AMG GT се појавила уште поголема конкуренција на пазарот, па BWM решиле нивната серија 6 да им биде ривал на овие модели, како агилен автомобил со две седишта. Со ова, се отворил пат за новата серија 8.

Компанијата исто така поднела апликација за регистрирање на M8, сигнализирајќи потенцијално враќање на продукцискиот модел. BMW имале креирано прототипи со V12 мотор (кој подоцна има завршено во McLaren F1) кај оригиналната серија 8, но проектот бил отфрлен поради немање доволно голема побарувачка од муштериите.

Новиот M8 (кој веќе е забележан на шпионски фотографии на траката во Нурбургринг ) би бил ривал на Merecedes AMG S63 купе и слични модели, а во него би се вградувал 4.4 литарски V8 Мотор од над 450 коњски сили, овозможувајќи V12 моторот од серијата 7 да се користи во „обичните“ модели од серијата 8, како 850 и M860.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...