Skoda Vision E концепт

Skoda на 2017 Shangai Motor Show ќе претстави мал увид во радикално новото електрично возило наречено Skoda Vision E концепт.

Официјалните тизер слики објавени од компанијата покажуваат дека автомобилот ќе биде купе со 4 врати, а нејзиниот шеф Бернхард Мејер потврдил дека продукциска верзија на Vision E ќе се појави во продажба до 2020-та.

Моделоте базиран на MEB платформата на VW Group (врз која е изработен и I.D концептот на VW) ќе биде првиот од програмата на Skoda за 5 комплетно електрични автомобили кои на пазарот треба да се појават до 2025-та. На нив ќе им се придружат голем број на plug-in хибридни верзии на моделите како Superb, Kodiaq, Yeti и Octavia.

На предницата доминира новата т.н „Skoda линија“ т.е светло кое ги поврзува двата предни LED фарови, додека на задниот дел е апстрактна интерпретација на познатите фарови на Skoda со С-форма. Концептот има 21 инчни тркала.

Должината од 4645mm и висината од 1550mm значат дека возилото ќе биде помалечко од Kodiaq моделот (кој е со димензии 4697x1676mm) , но и пошироко од него – 1917mm во споредба со 1882mm.

Меѓуоскиното растојание на Vision E концептот изнесува 2850mm што е поголемо од она на Kodiaq (2791mm), што значи дека во футуристичката кабина ќе има голем простор.

На командната табла ќе доминира голем 12 инчен touchscreen со најнапредната конективност досега видена кај било кој модел на Skoda. Централната конзола ќе нуди дополнителни контроли, а на располагање ќе биде и heads-up дисплеј.

Vision E ќе биде напојувано од два електрични мотори со вкупна моќност од 225kW (306 коњски сили), погон на сите тркала, максимална брзина од 180км/ч и домет до 500km со едно полнење на батеријата. Концептот исто така го сигнализира првиот значаен чекор на Skoda во светот на автономното возење, со автономност со Level 3 – тоа значи дека возилото ќе може независно да се контролира во сообраќаен метеж, да се префрли во автопилот на автопат, како и самото да бара празен паркинг простор и да се паркира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...