2018 BMW серија 1

Серијата 1 на BMW е огромен успех за компанијата од нејзиното прво претставување во 2004, а на пазарот треба да биде претставена при крајот на наредната година, пред да започне да се продава во 2019. Од сликите се забележува дека ќе изгледа многу слично на моделот кој го менува, со тоа што наместо погон на задните, ќе има погон на предните тркала.

Новата серија 1 ќе ја користи UKL платформата вградена во BMW X1 и MINI автомобилите, а поголемото оскино растојание ќе значи и повеќе простор за патниците на задните седишта како и зголемен волумен на просторот во багажникот. Во споредба со сегашните, моделите од новата серија ќе бидат и незначително повисоки и пошироки.

Новата платформа ќе донесе предности и во погледот на практичноста и намалување на тежината, но љубителите на побрзите M модели ќе бидат разочарани – бидејќи UKL платформата е компактибилна само со моторите со 4 цилиндри, тоа значи дека наредниот M140i ќе има мотор со 4 наместо 6 цилиндри. Покрај тоа, погонот кај овие модели ќе биде xDrive – на сите тркала, наместо само на задните, што значи дека ќе бидат директен ривал на VW Golf R, Mercedes-AMG A45 и Ford Focus RS.

Моторите кај останатите модели од серијата 1 ќе бидат од линијата на MINI и X1. Основните варијации најверојатно ќе го носат беџот 116d и ќе имаат подобрена верзија на 1.5 литарскиот дизел мотор со 3 цилиндри на BMW, додека турбо бензинецот со 3 цилиндри ќе ја носи ознаката 118i. Поголемите и помоќни 2.0 литарски 4-цилиндрични бензински и дизел мотори ќе бидат именувани 120i и 120d.

BMW ќе го искористи лансирањето на новата серија 1 и за пошироко претставување на iPerformance линијата, на која на 5-те други plug-in хибридни модели ќе и се придружат електрифицираните модели од серијата 1 користејќи подобрена верзија на моторите од MINI Countryman Cooper E, кои ќе бидат комбинација од 1.5 литарски турбо бензиски и помал електричен мотор, потрошувачка од повеќе од 55km/l, и CO2 емисии под 50g/km.

По претставувањето на новата серија 1 се очекуваат и нови верзии од купе и кабриолет моделите од серија 2, при крајот на 2019, кои исто така ќе имаат погон на предните тркала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...