Skoda Citigo ќе биде првото целосно електрично возило на Skoda

И покрај претставувањето на Vision E концептот на купе кросоверот на Shangai Motor Show, се чини дека моменталниот фаворит на компанијата за нивно прво целосно електрично возило ќе биде скромниот модел Citigo.

Шефот на Skoda, Бернхард Мејер, веќе има изјавено дека компанијата планира да има 5 комплетно електрични возила на пазарот до 2025, и дека нивната продажба се очекува да биде 25% од вкупната.

Иако сите очекуваа Vision E (кој е базиран на MEB електричната архитектура на Volkswagen) да биде првиот комплетно електричен модел на Skoda кој ќе се појави на пазарот, од компанијата велат тоа не значи и дека ќе биде првиот продукциски автомобил – што значи дека најочигледен кандидат од нивните веќе постоечки модели е Citigo.

Citigo е „сестрински“ автомобил на Volkswagen up!, кој веќе постои во електрична верзија e-up! со 18.7kWh електричен мотор и домет од 160km, а SEAT исто така работат на електрична верзија на нивниот градски модел Mii.

Бидејќи Мејер има изјавено дека првиот модел на Skoda кој ќе има било каква форма на електрификација ќе биде plug-in хибридот Superb во 2019, а продукциската верзија на Vision E е „закажана“ за 2020, тоа значи дека комплетно електричниот Citigo треба да се појави доцна во 2019 или на почетокот на 2020.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...