BMW X4 купе

BMW планираат наплив од SUV модели пред да заврши оваа декада, а еден дел од таа сложувалка ќе биде и новото X4 купе, забележано на шпионски фотографии за прв пат пред неговото деби во 2018-та.

На сликите се забележува модернизиран дизајн на овој купе SUV модел со средна големина – на предниот дел е новата решетка во тандем со нови фарови, додека на задниот дел забележливи се новите фарови со BMW беџот во средина, и регистарската табличка позиционирана пониско на задниот браник во однос на сегашниот модел.

X4 е сè уште релативно “свеж“ модел, кој за прв пат на пазарот се има појавено во 2014-та, па така замената која BMW ја нуди по само 3 години делува чудно. Меѓутоа, вреди да се спомене дека платформата од X3 врз која е направено X4 е стара 7 години.

BMW паралелно со овој модел ја припрема и следната генерација на X3 со нова, полесна платформа, која би требало да биде претставена пред крајот на оваа година , па поради овој факт „освежената“ X4-ка со нова шасија и мотори за 2018-та има многу повеќе смисла.

Новата платформа која ќе ја користи идната генерација на X3 се вели дека ќе овозможува погон на задните тркала и ќе биде за 100кг полесна од онаа кај сегашниот модел, а ќе биде и подолга за да се зголеми просторот за патници. Истата платформа се очекува да се користи и за X4.

Покрај вообичаената понуда на мотори, новата платформа ќе овозможи и вградување на plug-in хибридна технологија. Најверојатен кандидат за неа би бил 2.0 литарскиот 4-цилиндричен бензински мотор во комбинација со електричен, превземени од сегашниот 330e saloon модел, со моќност од 252 коњски сили и домет само со електричниот мотор од околу 50км.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...