Официјално претставен подобрениот Peugeot 308

Подновениот и подобрен Peugeot 308 е конечно и официјално претставен, а доаѓа со стилски подобрувања, нова технологија и нов избор на мотори.

Освежениот дизајн е нагласен со нова вертикална предна решетка и уредување на хаубата, со Peugeot беџот монтиран точно во центарот на предницата.

Новото „лице“ на автомобилот е комплетирано со нови фарови кои вклучуваат интегрирани дневни светла, креирајќи нов „потпис“со предното осветлување, преку кој што овој модел ќе биде лесно препознатлив. Во дизајнерските промени спаѓаат и новиот, поагресивен преден браник, како и задните фарови со новиот „потпис“.

Во кабината се наоѓа нов 3D сателитски систем за навигација со гласовна контрола, а на располагање се и подобрени системи за асистирање на возачот, како систем за автоматско сопирање во итни случаи, како и за предупредување при менување на ленти, и адаптивна контрола на крстарење.

Подобрен е и 3-цилиндричниот бензински мотор за кој компанијата вели дека сега е поефикасен и има намалени емисии на CO2, иако официјалните бројки сè уште не се објавени. Овој 1.2 литарски мотор доаѓа во комплет со 6-брзински мануелен менувач.

На располагање ќе биде и нов 4 цилиндричен турбодизел мотор под името BlueHDi 130 S&S. Појаката BlueHDi 180 S&S варијанта ќе биде ексклузивна за моделот 308 GT и ќе доаѓа со EAT8 автоматски менувач.

Новите модели 308, 308 SW и 308 GTI ќе се појават на пазарот од септември оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...