Подновена Skoda Superb

Skoda ги поднови моделите Superb и Superb Estate (караван верзијата) за 2017, претставувајќи разни надополнувања на технологијата вградена во нив, систем за асистирање на возачот, како и неколку дополнителни стилски опции на овој „буџетарски“ ривал на Mercedes E-Class моделите.

Најголема новост е Care Connect опцијата за итна асистенција која сега е стандардна кај сите Superb модели со Ambition тримот, а купувачите ќе ја добијат без разлика на одбраниот infotainment систем.

Care Connect автоматски започнува итен повик доколку системот се активира при некоја незгода, но тој може да се користи и мануелно преку притискање на копче на кровот.

Покрај Care Connect, на располагање е и Connect апликацијата на Skoda преку која сопственикот може да управува со одредени опции на автомобилот преку смартфон – на пример, да провери дали прозорците се затворени, вратите заклучени и сл., како и да го лоцира автомобилот на мапа (на пр. во случај на кражба или заборавање каде е паркиран).

Infotainment системот е подобрен со поголеми дисплеи (до 9.2 инчи), а подобрен е и системот за контрола на растојанието при паркирање кој сега може да детектира објекти и пред возилото. Тој исто така може да го предупреди возачот и автоматски да закочи доколку детектира дека маневарот при паркирање може да заврши со удар.

Новиот Superb ќе доаѓа со вентилирано возачко седиште и Digital Voice Enhancement систем кој го засилува гласот на возачот и сопатникот за подобро да се слуша кај патниците на задните седишта. Од Skoda ветуваат и потивка кабина, благодарејќи на новиот акустичен филм поставен помеѓу двојно застаклените предни странични прозорци.

Понудена ќе биде и опција за 19-инчни бандажи како нов финиш со црвена металик боја, додека најскапите варијанти со L&K трим ќе имаат нови хромирани ленти на вратите, како и црн внатрешен кров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...