Подновен Peugeot 308 за 2017

Peugeot ја претставија верзијата за 2017-та на нивниот модел 308, кој во продажба ќе се појави во септември (во 308, 308 SW и 308 GTI варијациите), а доаѓа со стилски подобрувања, нова технологија и нов избор на мотори.

Подновениот дизајн се карактеризира со нов вертикален аранжман на предната решетка со Peugeot беџот монтиран на средина, нов, поагресивен преден браник со 3 решетки, како и нови фарови со интегрирани дневни светла кои креираат нов препознатлив „потпис“ кога се вклучени. На ист принцип се изработени и задните фарови.

Во кабината има нов систем за 3D сателитска навигација со контроли кои се активираат со говор, а Peugeot ги унапредиле и системите за асистирање на возачот, кои се превземени од 3008 SUV моделот – сега е на располагање систем за автоматско кочење во итни случаи, систем за предупредување при менување на ленти, адаптивна контрола на крстарење со стоп функција, препознавање на ограничувањето на брзината на одредени патишта, и систем за надгледување на слепите точки.

Подновениот infotainment систем доаѓа со 9.7 инчен touchscreen кој вклучува опции за поврзување со смартфони – Mirrorlink, Android Auto и Apple CarPlay.

Подобрен е и 1.2 литарскиот 3-цилиндричен бензински мотор кој сега емитира помалку CO2, и е спарен со нов 6-брзински мануелен менувач.

На располагање ќе биде и нов мотор – BlueHDi 130 S&S 4-цилиндричен турбодиел, додека BlueHDi 180 S&S моторот кој е ексклузивен за 308GT моделот сега ќе доаѓа со EAT8 автоматски менувач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...