Скици на Kia Stonic

Новата Kia Stonic е откриена во серија дизајнерски скици, пред нејзиното деби при крајот на годинава. Не само што ова е прво официјално претставување на новиот SUV кросовер модел базиран на моделот Rio, туку е и првпат Kia да го потврди името Stonic.

Инспириран од поголемите SUV модели Sportage и Sorento, новиот Stonic има слична предна решетка и фарови, но со нов LED светлосен потпис. Испакнатиот преден спојлер му дава на овој модел поспортски и урбан дизајн, а SUV обележја му се подигнатиот заден дел и црните шипки на кровот.

Дизајнот на скиците е пренагласен во однос на тоа како ќе изгледа продукцискиот модел, што е забележливо доколку тие се споредат со шпионските фотографии од пред неколку месеци.

Сè уште не е прикажан изгледот на ентериерот, но се претпоставува дека во него технологијата ќе игра голема улога, со голем централен екран и беспрекорна смартфон конективност.

За разлика од веќе етаблираниот Sportage, новиот помал SUV нема да биде понуден со погон на сите тркала. Покрај познатите бензински и дизел мотори кои ќе бидат на располагање по неговото лансирање, се очекува подоцна Kia да понуди и plug-in хибридна опција чија технологија најверојатно ќе биде превземена од моделот Niro.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...