Porsche 911 Turbo S Exclusive Edition

Porsche го претставија лимитираното издание на моделот 911 Turbo S, кој е нивниот најмоќен турбо модел досега.

Наречен Porsche 911 Turbo S Exclusive Edition, овој автомобил е лимитиран на само 500 возила низ целиот свет, а цената му почнува од околу 240 000 евра – што е над 50 000 евра повеќе од стандардната верзија на 911.

За дополнителната цена, купувачите ќе добијат 911 Turbo S со надополнувања во дизајнот, како и помоќен twin-turbo 3.8 литарски мотор од 607 коњски сили, 750Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч за 2.9 секунди и максимална брзина од 330км/ч.

Како дел од стандардната опрема, овој модел ќе доаѓа со Sport Chrono пакетот како и системи за активно управување на суспензијата и динамична контрола на шасијата, а визуелно, меѓу другото, од обичната 911-ка ќе се разликува по уникатната металик златна боја (покрај изборот од други бои), тркачките ленти на кровот и хаубата, како и новите 20-инчни црни бандажи со златни детали.

Во кабината, дел од стандардната опрема ќе бидат Sport Seats Plus на Porsche, но изработени од два слоја перфорирана кожа од која внатрешниот слој ќе има златни ленти.

„Во комплет„ со автомобилот, купувачите ќе можат да се подноват и со Porsche Design Chronograph 911 Turbo S Exclusive Series часовник кој исто така ќе биде лимитиран на 500 парчиња, и ќе чини околу 11 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...