2018 Dacia Duster SUV

Новата Dacia Duster ќе го замени скоро подновениот модел и првото јавно претставување ќе го има на 2017 Frankfurt Motor Show во септември (со официјални фотографии на немаскираното возило во август), меѓутоа на пазарот не се очекува да се појави пред доцна во летото 2018-та.

Првите фотографии на под-брендот на Renault се уште не го прикажуваат целосно возилото во поглед на дизајнот, но може да се забележи дека формата е многу слична на сегашниот модел, што значи дизајнерски нема премногу да се разликуваат.

Бидејќи за работи за поевтино возило, основните варијанти ќе доаѓаат со пластични браници и лакови над тркалата, како и со железни бандажи како стандардна опрема, додека поскапите модели ќе имаат поразлични стилски елементи и технологија.

Сè уште е рано да се шпекулира за промените под каросеријата, но за да цените се сведат на минимум ќе биде искористена веќе развиената верзија на B0 платформата која се наоѓа под сегашниот модел.

Сегашниот Duster се нуди со избор од два 4-цилиндрични бензински мотори – 1.6 литарски со 110 коњски сили, и 1.2 литарски турбо со 125 коњски сили, како и дизел во 1.5 литарска dCi варијанта од 110 коњски сили. Новиот Duster најверојатно ќе биде понуден и со поголем и помоќен 1.6 литарски дизел мотор кој го користи моделот Kadjar на матичната компанија Renault. Како и досега, погонот на сите тркала ќе биде резервиран само за најскапите модели.

Новата Dacia Duster ќе биде на располагање исклучиво со 5 седишта, иако досега постојано имаше шпекулации дека ќе се нуди и верзија со 7, наречена Grand Duster.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...