Mk8 Rolls-Royce Phantom

Не се случува често да Rolls-Royce претстават сосема нов автомобил, но сега исклучокот е направен со новата, 8-ма генерација на моделот Phantom. Претходните Rolls-Royce модели изминатите години биле правени врз платформи развиени од BMW, но новиот Phantom ќе биде изграден врз нова скалабилна платформа која ќе ја користат сите идни модели како Ghost, Wraith, Dawn и Cullinan SUV-от.

Во споредба со сегашниот модел, новиот Phantom е полесен, но и за 30% поцврст. Зацврснати се предната и задна оска, додадена е само-нагодувачка воздушна амортизација, како и управување со сите тркала.

Вградена е и нова технологија наречена “Flagbearer” (знаме-носител, т.е предводник) која користи систем од стерео камери интегрирани во шофершајбната кои го скенираат патот напред и автоматски ја нагодуваат амортизацијата според условите, до брзини од 100км/ч.

И покрај тоа што новиот модел е полесен, додадена му е звучна изолација со тежина од 130кг, плус алуминиумски патос и нови гуми наречени “Silent Seal“, во кои има слој од пена за која компанијата вели дека го редуцира звукот од гумите за 9db.

Како и секогаш, главна одлика на Rolls-Royce моделите е ентериерот. Во задниот дел се вградени пикник масички и TV екрани кои се скриени и се активираат со притисок на копче, а новата централна конзола вклучува кабинет за пијачки во кој има чашки за виски и шампањ, како и фрижидерче.

Во предниот дел, наместо традиционалната дрвена командна табла е вградена т.н „Галерија“ – пред возачот се наоѓа 12.3 инчен TFT екран на кој се прикажани брзината, количината на гориво и температурните нивоа, плус информации од сателитската навигација и системите за асистирање на возачот.

Infotainment системот се појавува и исчезнува со притискање на копче, а за поставување зад стаклениот прозорец на средината на таблата купувачите може да изберат некој од дизајните кои ги нуди Rolls-Royce, или да нарачаат нивни сопствен дизајн.

Визуелно, новиот Phantom се разликува од сегашниот најмногу во предницата, во која се вградени дизајнерски елементи од 2016 103EX – првиот концептуален модел на Rolls-Royce.

Позната предна решетка кај новиот модел е поголема од било кога, а целата предница е позаоблена. Вратите се затвораат електрично кога дршката ќе се допре со рака.

Моторот е сè уште 6.75 литарски V12 но сега има два турбо полначи, и развива 570 коњски сили и 900Nm вртежен момент. Менувачот е 8-брзински и автоматски, а Rolls-Royce има вградено неколку безбедносни технологии како што е систем од 4 камери со панорамски поглед, активна контрола на крстарење, предупредување за пешаци и при движење во раскрсници, и др



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...