Tesla Model 3 ги надминува очекувањата

Во 2006, извршниот директор на Tesla, Елон Маск, на сајтот на компанијата го објави „исклучително тајниот план“ според кој компанијата, меѓу другите модели, планира и таков кој ќе биде пристапен (особено во поглед на цената) за поширокиот пазар.

Tesla Model 3 е токму тој модел, кој се приклучува на постоечките Model S ексклузивната лимузина и SUV-от Model X, кој конечно беше лансиран во присуство на вработените и неколку муштерии на специјален настан одржан пред фабриката на tesla во Фремонт, Калифорнија, каде 30 купувачи си ги подигнале автомобилите (од вкупно 50 произведени досега).

Двете основни верзии на Model 3 ќе се нудат веднаш по лансирањето, а тоа ќе бидат стандардниот, и моделот со поголем домет. Стандардниот ќе чини околу 30 000 евра и ќе има домет од 355км со едно полнење на батеријата, забрзување од 0-100км/ч за 5.6 секунди, и максимална брзина од 210км/ч, додека “Long Range“ верзијата ќе чини околу 37 500 евра, ќе има домет од 500км, забрзување од 0-100км/ч за 5.1 секунда и максимална брзина од 225км/ч.

Овие цени ќе го стават Tesla Model 3 во директна конкуренција со BMW 320d, Audi A4, Jaguar XE и Mercedes C-Class, a тој ќе биде уште по компетитивен во однос на останатите комплетно електрични автомобили, како и Plug-in хибридните.

Повеќето купувачи ќе мора да чекаат до 2018-та за да ги добијат своите Model 3 автомобили, бидејќи на листата за чекање сега засега има околу 400 000 луѓе, а според Елон, компанијата планира да произведе околу 100 возила во август, 1500 во септември, а до крај на годината се планираат до 20 000 возила месечно.

Tesla Model 3 е малку поширок и подолг од BMW 3 Series, со должина од 4694мм, ширина од 1849мм, висина од 1443мм, и меѓуоскино растојание од 2875мм, за да се максимизира просторот во ентериерот. Тежината изнесува 1610кг што е одлично со оглед на тешките батерии, особено во споредба со BMW 3 Series моделите кои тежат 1475кг.

Тежината е дистрибуирана 47% на предната оска и 53% на задните тркала, каде што е погонот. Сите Model 3 ќе бидат со погон на задните тркала, но во иднина се планира и 4x4 верзија со 2 мотори.

Ентериерот разбирливо е помал отколку оној на Model S и Model X, има два багажника (напред и назад), со вкупен простор од 425 литри.

Сите Model 3 автомобили ќе доаѓаат со основни спецификации кои вклучуваат 18-инчни алуминиумски бандажи, 15.4 инчен infotainment екран, dual-zone контрола на климата, Wi-Fi интернет конективност, влегување во автомобилот без клуч (со смартфон или картичка слична на кредитните), контроли активирани со глас, како и полно сензори неопходни за автономно возење.

Овие спецификации ќе можат да се надградат со Premium пакет кој ќе чини околу 4250 евра, а ќе вклучува поквалитетни материјали во кабината, предни седишта со електрично нагодување на 12 начини, стерео систем со 12 звучници, задни седишта со загревање, и два индуктивни полначи за смартфони, како и панорамскиот стаклен кров по кој што дизајнот на Model 3 е препознатлив.

До кој степен ќе може да се користи автопилот технологијата за автономно возење зависи од локалните закони во секоја земја, но Елон Маск вели дека секој автомобил го има хардверот потребен за тоа, кој вклучува 8 камери и 12 ултрасонични сонар сензори и преден радар, како и процесирачка моќ да ги користи податоците од сите нив. Софтверот кој го користи целиот овој хардвер чини дополнителни 4250 евра (за Enhanced Autopilot пакетот), а за да автомобилот е комплетно автономен, на таа сума ќе треба да се доплати уште 2500 евра.

Елон Маск во еден негов твит исто така потврдил дека и Model 3 ќе го добие познатиот “'Ludicrous мод“ на возење кој целосно ќе го „отклучи“ потенцијалот на електричниот погон на автомобилот. Кога модот е активен кај најмоќниот Model S (P100D), возилото може да забрза од 0-100км/ч за само 2.3 секунди, нешто што Model 3 сигурно нема да го постигне бидејќи во него нема да се вградува батеријата од 100kWh.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...