Peugeot додаде ново специјално издание на супермини моделот 208 наречено Allure Premium.
Ова издание доаѓа со дополнителна опрема и модификувани спецификации во споредба со регуларниот 208 Allure со 5 врати.
Allure Premium има 16-инчни алуминиумски бандажи со мат црни детали, затемнети задни прозорци и палета од 10 бои за каросеријата – од кои на располагање е и нова „Orange Power” портокалова нијанса.
Како стандардна опрема доаѓаат и сончевиот кров од панорамско стакло, амбиентално осветлување на ентериерот, ретровизори кои се загреваат, како и сензори и камери на задниот дел наменети за помош при паркирање. Во внатрешноста има touchscreen infotainment систем со Apple CarPlay и Android Auto, додека сателитската навигација е на располагање како дополнителна опција.
Peugeot 208 Allure Premium има 1.2 литарски 3-цилиндричен бензински мотор од 83 коњски сили, забрзување од 0-100км/ч за 12.2 секунди, и потрошувачка од 26.4 km/l.
Цените за ова специјално издание ќе започнат од 18 300 евра, правејќи го моделот најскапа 208-ца пред GT и GTI изданијата.