2018 Honda Jazz со фејслифт

Подновена верзија на Honda Jazz е претставена пред Frankfurt Motor Show, кај која е подобрен стајлинот на екстериерот, внатрешниот трим, а има и нов бензински мотор.

Стилските промени се минимални и едвај забележливи – предната решетка со нов изглед е „спарена“ со предни фарови со нов светлосен потпис, а предницата има поагресивни контури. На задниот дел, намалени се ребрата во задниот браник, и додадена е нова лента во сјајна црна боја која ги поврзува. Колор палетата, пак, на новата Honda Jazz е проширена со нова металик сина нијанса.

Подновениот Jazz ќе биде на располагање и во нов спортски трим наречен Dynamic, каде што предниот и заден браник ќе имаат контрастни црвени акценти, предни светла за магла, спојлер на задниот дел, како и 16-инчни алуминиумски бандажи во сјајна црна боја. LED фаровите ќе бидат стандардна опција.

Додека „обичните“ Jazz модели ќе имаат кабина идентична на сегашниот модел, оние со Dynamic тримот ќе имаат портокалови детали на седиштата како и низ кабината, и кожен волан и дршка на менувачот.

Dynamic верзијата ќе виде понудена со нов 1.5 литарски 4-цилиндричен бензински мотор од 130 коњски сили за кои сè уште не се објавени перформансите, но се знае дека ќе биде „спарен“ со 6-брзински мануелен менувач како стандард, и автоматски како опција.

Од Honda велат дека новиот мотор ќе има потрошувачка од 22km/l и CO2 емисии од 124g/km со автоматскиот менувач. Обичниот модел ќе доаѓа со 1.3 литарскиот мотор од 102 коњски сили и 5-брзински менувач.

Новиот Honda Jazz модел „во живо“ ќе дебитира во Франкфурт, а продажбата ќе започне во ноември, со првите испораки во почетокот на 2018-та.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...