VW Scirocco ќе се препороди во електрично купе

Volkswagen Scirocco ќе се појави повторно на пазарот, но како електрично спортско купе со две седишта, и ќе ја користи новата целосно електрична MEB платформа на VW Group.

Новото Scirocco ќе дели многу компоненти со I.D фамилијата на целосно електричните автомобили на VW кои наскоро треба да се појават на пазарот, што ќе му овозможи на новиот модел да ги задржи компактните димензии на сегашниот модел, но со значително подобрен ентериер.

Scirocco моделот е постепено маргинализиран во сегашната понуда на VW, која се проширува со сè повеќе SUV модели. Сегашната верзија на овој спортски хечбек е 10 години стара, и најверојатно ќе престане да се произведува како таква.

Модуларните батерии ќе му овозможат на новото Scirocco домет помеѓу 320 и 603км. и ќе бидат поставени под подот за низок центар на гравитација, а недостатокот на класичен мотор ќе создаде простор за поголема кабина. Основните модели ќе имаат моќност од околу 172 коњски сили, додека помоќниот Scirocco R би требало да има над 305, благодарејќи на електричните батерии со голем капацитет и помоќните.

Светлиот и простран ентериер би требало да биде со минималистички дизајн, со малку копчиња, а на командната табла ќе доминира голем централен touchscreen дисплеј.

И покрај тоа што новото Scirocco ќе биде еден од најспортските модели на VW, во него ќе има вградено голем дел од технологијата за автономно возење како и I.D хечбекот, со можна автономија од Level 5 во подоцнежниот живот на возилото.

Овој модел не се очекува да се појави на пазарот пред 2020-та



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...