Батерија на Toshiba со голем домет и брзо полнење

Големите производители на автомобили сега инвестираат во електрични возила, а една од нивните примарни области на кои што се фокусираат е развивањето на батерии кои бргу се полнат.

Моментално, најдобриот извор за ваквите возила се литиум-јонските батерии, но моќноста која ја овозможуваат и нивниот капацитет на полнење бараат значително подобрување.

Во 2008, Toshiba ги произвела SCiB батериските ќелии кои се полнат, а сега велат дека развиле уште подобри SCiB батерии кои на возилото можат да му овозможат домет од 320 километри со само едно полнење кое би траело 6 минути.

Тајната е во материјалот користен во анодите – делот од батеријата низ кој поминуваат електроните.

Во SCiB батериите од 2008, Toshiba користеле аноди направени од литиум титаниум оксид, додека оние од новата генерација имаат аноди од титаниум ниобиум оксид, кој според тврдењата на компанијата, го задржува 90% од капацитетот на батеријата и по 5000 циклуси на полнење.

Иако овие нови SCiB батериски ќелии дефинитивно би можеле да ги подобрат перформансите и батерискиот живот на електричните возила, од Toshiba не дефинираат каков полнач ќе им треба. Суперполначите на Tesla имаат моќност од 135kW, а Model S има батерија од 85kWh со домет од 426 километри. Одговорот на прашањето дали нивните батерии би побарувале помоќен полнач од овој за да комплетно се наполнат за 6 минути, компанијата го нема дадено.

Според Toshiba, овој нивни напредок ќе направи значителна разлика во дометот и перформансите на идните електрични возила, а идната генерација SCiB батерии ќе почнат да се користат во 2019-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...