Toyota Fine-Comfort Ride концепт

Toyota претставија уште еден од нивните концепти од Tokyo Motor Show, наречен Fine-Comfort Ride, напојувано водородни горивни ќелии.

Toyota Fine-Comfort Ride е долг хечбек – со должина од 483cm е за околу 30cm подолг од моделот Prius

Меѓуоскиното растојание е значително поголемо отколку на Mirai, кој е нивни постоечки модел со идентично напојување и изнесува 345cm што е за околу 30cm поголемо од она на продолжениот Mercedes S-Class модел. Fine-Comfort Ride е и поширок од него, со широчина нешто под 2 метри.

Овие чудни пропорции се овозможени од погонот, бидејќи електричните мотори вградени во тркалата им овозможуваат тие да се поставени на рабовите на возилото, што е и причината за значително големиот простор во кабината.

Возилото ќе има 6 седишта - првите два реда ќе се состојат од индивидуални седишта кои ќе можат да се ротираат за да бидат свртени едни кон други, додека задните 2 седишта се клупа слична на кауч.

Кабината ќе биде исполнета со екрани чувствителни на допир, како и технологија за проектирање на слики на страничните стакла.

Како и Mirai и останатите водородни горивни ќелии, возилото ќе може да биде наполнето до крај за околу 3 минути. Од Toyota велат дека за време на тестирањето, концепт моделот можел да патува до 1000km со еден резервоар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...