Претставен Lamborghini Urus SUV

Конечно е претставен новиот Lamborghini Urus SUV пред контроверзното лансирање во 2018, за кое италијанскиот производител тврди дека на пазарот ќе се појави на пролет и ќе чини околу 190 000 евра.

Од компанијата велат дека Urus, чие име потекнува од големиот шпански боречки бик, ќе претставува супер-SUV во поглед на моќноста, перформансите и возачката динамика, и дека ќе биде фузија од ДНК-то на Lamborghini и каросерија на SUV.

Urus ќе има тркала од 21 до 23 инчи, со избор за специјално развиени Pirelli гуми наменети за сите сезони, или само зимски. Предната решетка, LED фаровите и задните фарови слични на оние на Huracan моделот имаат типичен Lamborghini дизајн, додека останатите дизајнерски елементи го водат брендот во сосема нова, досега невидена насока.

Lamborghini Urus е базиран на истата MLB Evo платформа како и Audi Q7, а ќе користи 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор од 650 коњски сили и 850Nm вртежен момент што ќе овозможуваат забрзување од 0-100км/ч за 3.6 секунди, 8-брзински автоматски менувач и комплексен систем за погон на сите тркала, како и за управување со сите тркала.

Во внатрешноста ќе можат да се сместат петорица, а целата кабина е фокусирана околу возачот. Во неа ќе има два стандардни touchscreen дисплеи од кои на едниот ќе бидат прикажани медиа функциите, навигацијата и телефонската конективност, а на другиот климатската контрола и загревањето на седиштата, како и тастатура за вметнување информации. Системот ќе поддржува Apple CarPlay и Android Auto, a како опција ќе биде понудено и Bang & Olufsen озвучување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...