Фејслифт на Citroen C4 Cactus

Citroen ги претставија спецификациите и цените за подновениот C4 Cactus, чии први испораки се очекуваат почетокот на април.

Цените ќе започнуваат од 19 500 евра за C4 Cactus Feel Edition, кој ќе има 1.2 литарски PureTech 82 бензински мотор и ќе биде понуден лимитиран период.

Во него нема да биде вграден новиот систем за суспензија на Citroen, наречен „Progressive Hydraulic Cushion”– кој е една од водечките нови подобрувања на новиот Cactus. Инаку, овој модел ќе нуди подобрени комфорни седишта, контрола на крстарење, дневни LED фарови, како и 7-инчен дисплеј со Android Auto и Apple CarPlay.

Feel изданието ќе доаѓа во 2 трима. Едниот со PureTech 110 1.2 литарски бензински мотор и PHC, како и помоќна верзија на истиот мотор со 130 коњски сили. BlueHDi 100 дизел моделот, пак, ќе чини од 21 400 евра нагоре.

Citroen C4 Cactus дебитираше на Geneva Motor Show уште во 2014 како „откачен“ SUV кросовер модел, но со ова подновување ќе исчезне неговиот добро препознатлив изглед со страничните перничиња, т.е Airbumps, во корист на стил кој наликува на хечбек моделите.

Предницата му е слична на онаа од помалечкиот C3, додека меките пластични елементи кои би требало да ги заменат Airbump панелите сега се многу подискретни и се наоѓаат на долниот раб од автомобилот, наместо високо насред вратите.

На купувачите ќе им биде понуден избор од дури 31 нијанса за бојата на екстериерот, како и на 5 различни дизајни на алуминиумските бандажи.

За разлика од надворешноста, кабината практично и да не е воопшто променета, а од Citroen велат дека сега е поудобна за седење поради новата погуста пена во седиштата.

Новиот C4 Cactus ќе биде првиот модел кој Citroen ќе го продаваат во Европа кој ќе го користи новиот систем за суспензија „Progressive Hydraulic Cushion”, кој додава две хидраулични сопирачки на местото на традиционалното единечно механичко подесување.

Од компанијата велат дека новите хидраулични сопирачки подобро ќе ја растураат енергијата кога автомобилот ќе поминува преку нерамнини и дупки на патот, одржувајќи го возилото рамно и подобрувајќи го квалитетот на возењето, особено при помали брзини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...