Audi официјално го претстави A1 Sportback

Чекањето е завршено, Audi го претстави моделот A1 Sportback кој изгледа одлично.

По тизер кампањата Audi ја претстави втората генерација на моделот A1 Sportback. Од германскиот гигант наведуваат дека овој автомобил е идеален сопатник за урбаниот стил на живот, но е погоден и за долгите патувања со оглед дека е долг 4,03, широк 1,74 и висок 1,4 метри.



Дизајнот на Audi A1 Sportback e инспириран од концептите Ur-Quattro и Sport Quattro, а ниската линија на кровот му дава агресивен и истакнат изглед во споредба со претходникот. Рамниот C столб ги нагласува острите агли на урбаниот хечбек, додека S линијата го потенцира спортскиот карактер преку бројни карактеристики. Тука спаѓаат поголемите влезови за воздух, дополнителните прагови, издолжената хаубата и поголемото задно крило.

Фелните исто така изгледаат убаво, а достапни се во големина од 15, 16 и 17 инчи. Најголемите може да се добијат во црна или платинум сива боја и тие се дел од S Line опремата. Новиот A1 доби и поголем багажник и повеќе простор за патниците, особено на задните седишта.

Што се однесува до моторот, тука е основниот трицилиндричен мотор кој развива 95 КС, додека најмоќниот 1,4 литарски мотор испорачува 200 КС во најмоќната верзија.

Трицилиндричниот мотор може да се добие со шест-степен мануелен менувач или S-троник автоматскиот менувач. Треба да се напомене дека најмоќниот мотор со турбополнење доаѓа само со S-троник автоматскиот менувач.



A1 е богато технолошки опремен и го има добиено новиот виртуелен кокпит на Audi сличен на оној во Audi A8. Тука е стандардниот 8,8 инчен MMI инфо-забавен систем со екран на допир, додека најдобро опремените модели имаат 10,1 инчен екран. Овој нов модел на Audi поседува и напредни сигурносни системи како што е предупредување за напуштање на лентата, систем за предупредување на судир со автоматско кочење и прилагодлив темпомат.

Новиот Audi A1 ќе се продава како модел за 2019 година така што продажбата се очекува да започне кон крајот на оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...