Специјално издание Aston Martin DBS 59

Aston Martin DBS 59 е специјално издание на DBS Superleggera лимитирано на само 24 возила, создадено за одбележување на финишот на возилата од овој бренд на трката 24 Hours of Le Mans во 1959.



DBS 59 има многу стилски промени кои оддаваат почит на победничките DBR1 тркачки автомобили, од кои најзабележлива е бојата на каросеријата, т.н „Racing Green” (тркачка зелена). Финишот на кровот и задниот спојлер е од јаглеродни влакна, додека разните беџови се бронзени.

Внатрешноста е мешавина од црна кожа проткаена со контрастни бронзени конци, ’59 логото е сошиено на наслоните на седиштата, кои исто така се финиширани со бронзена нијанса.



Секое од 24-те DBS 59 возила ќе доаѓа со ексклузивни додатоци како оддел во задниот дел за складирање на DBS 59 заштитните шлемови, ретро тркачко одело и ракавици во боја како облеката која ја носел возачот Карол Шелби кој го возел победникот на трката во 1959.

Механички, DBS 59 го дели истиот погон како оној од стандардниот модел: twin-turbo V12 мотор од 725 коњски сили со забрзување од 0-100км/ч. за 3.7 секунди и максимална брзина од 340км/ч.

Цената на Aston Martin DBS 59 сè уште не е потврдена, но дефинитивно ќе биде поголема од 257 300 евра колку што чини регуларниот модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...