Официјално претставена 2019 Skoda Scala

Skoda ја преставија 2018 Skoda Scala, нивниот директен конкурент на VW Golf и Ford Focus.

Scala е базирана на најмалата верзија на MQB платформата на VW Group, наречена А0. Тоа значи дека ќе дели дел од механиката со моделите како SEAT Ibiza и VW Polo, но ќе биде значително поголема од нив – со должина од 4362mm таа ќе биде над 10cm подолга од VW Golf, но 30cm пократка од Skoda Octavia.





Стилот на овој нов модел е делумно инспириран од Vision RS концептот, но е помалку спортски. И покрај тоа што е базирана на најмалата MQB платформа, Scala има меѓуоскино растојание од 2649mm – 12mm повеќе од VW Golf.

Волуменот на багажникот се зголемува од 467 литри (обичен) на 1410 (со спуштена задна клупа), а купувачите ќе имаат избор од 4 мотори веднаш по лансирањето.

Тоа ќе бидат 1.0 литарски 3-цилиндричен бензински со моќност од 95 или 115 коњски сили, 1.5 литарски 4-цилиндричен бензински од 150 коњски сили, како и 1.6 литарски дизел од 115 коњски сили.

Најслабиот бензинец ќе доаѓа со 5-брзински мануелен менувач, додека кај сите други мотори ќе бидат понудени и 6-брзински мануелен или 7-брзински автоматски.



Во кабината е вграден дел од последната технологија од VW Group – особено во infotainment системот со дисплеј од 6.5 или 9.2 инчни, зависно од тримот.

Вградениот SIM со постојана 4G конективност ќе им овозможува на корисниците да го отклучат автомобилот со смартфон, а овозможува и автоматски надоградувања (преземање на мапи) на навигацискиот систем. Scala ќе биде понудена и во опција со 10.25 инчен комплетно дигитален инструмент панел, а SmartLink+ (Android Auto и Apple CarPlay) системот ќе биде стандарден на повеќето верзии, а најверојатно опционален кај најслабата.

Сигурносната опрема ќе вклучува до 9 воздушни перничиња, LED долги и дневни фарови (со опционални комплетни LED фарови), систем за предупредување за сообраќај зад автомобилот, систем за асистенција при менување на ленти, како и задна камера со автоматско паркирање.

Почетната цена се очекува да изнесува околу 18 500 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...