Што нуди новиот Audi SQ5 TDI?

Audi ги објавија спецификации на нивниот нов модел SQ5 TDI чии нарачки ќе започнат оваа пролет.

Под хаубата SQ5 TDI ќе има V6 турбо дизел мотор, дополнет со 48V средно-хибриден систем кој ќе го напојува и електриниот компресор, а вкупната можност ќе му изнесува 347 коњски сили и 700Nm вртежен момент.



Овој модел ќе има 8-брзински автоматски менувач и погон на сите тркала кој до 85% ќе биде испраќан на задната оска. Од Audi тврдат дека SQ5 TDI ќе забрзува од 0-100км/ч. за 5.1 секунди, а ќе има електронски ограничена максимална брзина од 250км/ч.

Благодарение на хибридниот систем, новиот SQ5 TDI ќе има потрошувачка од 14.6km/l.

Екстериерот на овој модел се разликува од стандардниот Q5 со тоа што има 20-инчни алуминиумски бандажи, LED предни фарови, редизајниран заден и преден браник и поголеми отвори за воздух на предниот, подлабок сплитер, алуминиумски ретровизори и “S” беџови.



Стандардниот ентериер на SQ5 TDI вклучува спортски седишта тапацирани со Алкантара, кожен мултифункционален волан, WiFi хотспот, 12.3 инчна дигитална инструмент табла и 8.3 инчен infotainment систем со Apple CarPlay и Android Auto.

Купувачите кои сакаат повеќе опрема може да го одберат SQ5 TDI Vorsprung изданието т.е тримот, во кој спаѓаат тапацир од Напа кожа, Bang & Olufsen стерео систем, активна воздушна суспензија, црвен калипер на сопирачките и 21-инчни алуминиумски бандажи во еден од 3-те понудени стилови.



Vorsprung изданието како дел од стандардната опрема ќе вклучува и дополнителна технологија за асистенција на возачот, како асистент за избегнување на судар, за активно менување на ленти, паркирање, препознавање на сообраќајни знаци, контрола при слегување од рид и автоматско сопирање во итни случаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...