Peugeot го најавија новиот 508 SW караван

Peugeot го најавија нивниот нов 508 SW караван, кој ќе биде на располагање во 5 трима, со почетна цена од 30 350 евра за најевтиниот и 43 000 евра за најскапиот. Во Обединетото Кралство ќе се продаваат и 75 First Edition варијанти по цена од 46 150 евра.

За прв пат претставен на 2018 Paris Motor Show, овој модел има скоро идентичен дизајн со 508 Fastback, со тоа што суспензијата е поставена за 60mm пониско.



Стандардната опрема на Peugeot 508 SW ќе вклучува 17-инчни алуминиумски бандажи, 12.3 инчна дигитална инструмент табла, мултифункционален волан, автоматски фарови, DAB радио и infotainment систем со дисплеј од 8 или 10 инчи со Apple CarPlay и Android Auto.

Allure тримот ќе има активна суспензија, детекција на слепа точка, влез без клуч и електронски прилагодливи предни седишта, како и задна камера од 180 степени. GT Line моделите ќе имаат LED фарови и амбиентално осветлување, додека GT ќе има дијамантски сечени 19-инчни алуминиумски бандажи, адаптивна контрола на крстарење, систем за одржување на возење во лента, кожен тапацир и стерео систем на францускиот бренд FOCAL.



First Edition изданието, пак, ќе биде базирано на GT тримот и ќе има и црна предна решетка, систем за автоматско паркирање и избор од две уникатни металик бои за каросеријата.

Просторот во багажникот изнесува 530 литри, што е за 30 литри помалку од оној на сегашниот модел, а причината за тоа е поелегантниот дизајн на екстериерот.

На располагање ќе бидат 6 мотори – 3 дизел и 2 бензински, и тоа: 1.5 литарски 4-цилиндричен дизел од 130 коњски сили, 2.0 литарски 4-цилиндричен дизел од 160 или 180 коњски сили, како и 1.6 литарски 4-цилиндричен PureTech бензински од 180 или 225 коњски сили.

Најслабиот дизел ќе има 6-брзински менувач, додека сите останати варијации ќе имаат 8-брзински автоматски менувач. Пред крајот на оваа година треба да се појави и plug-in хибридна варијанта со домет само со електричниот погон од 52km.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Весела математика:
Паметен маж+Глупава жена
=романса
Паметен маж+Паметна жена
=афера
Глупав маж+Глупава жена
=дете
Глупав маж+Паметна жена
=шопинг
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1215.- Англискиот крал Џон ја потпиша Големата...
1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и...
1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки...
1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих...