2019 Bentley Flying Spur луксузна Grand Touring лимузина

Од Bentley тврдат дека ја развиле „најнапредната луксузна Grand Touring лимузина“ во светот, во форма на најновата трета генерација на Flying Spur, лансирана делумно како одбележување на 100 годишнината од овој британски бренд.



Новиот Flying Spur е изграден врз MSB платформата од Porsche Panamera, а иако е само 17mm подолг од претходната верзија (со должина од 5316mm) и 1,50mm понизок, меѓуоскиното растојание му е зголемено за 130mm.

Алуминиумските бандажи се 21-инчни, но купувачите можат да одберат и 22-инчни.

На предницата доминира голема вертикална предна решетка (слична на онаа од S1 Continental Flying Spur од 1957), со нови LED матрикс фарови.



Кабината е преземена од новиот Continental GT и има дигитална инструмент табла, а купувачите ќе можат да бираат помеѓу 15 бои на кожата во кабината.

Во централната конзола е вграден управувач со touchscreen преку кој патниците на задните седишта ќе можат да ја контролираат климата и да го прилагодуваат масажерот на седиштата и осветлувањето.

Mk3 Flying Spur е напојуван од 6.0 литарскиот W12 мотор на Bentley од 635 коњски сили и 900Nm вртежен момент, 8-брзински автоматски менувач, погон на сите тркала, забрзување од 0-100км/ч. за 3.8 секунди и максимална брзина од 333км/ч.

За прв пат кај Bentley модел, постои управување со сите тркала, дизајнирано да ја подобри агилноста при помали брзини и стабилноста при поголеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...