Lotus Evija електричен хипер-автомобил

Lotus го претставија нивниот нов модел по подолго време – Evija, комплетно електричен хипер-автомобил, најмоќниот автомобил на светот кој може да вози и на обични патишта, а не само на тркачки патеки.

Evija претходно бил познат како Type 130, е првиот електричен модел на Lotus, чиј дизајн е инспириран од Le Mans спортските автомобили и F1 тркачките модели.



Автомобилот е базиран на шасија од јаглеродни влакна, со интегриран преден сплитер инспириран од Type 73 Формула 1 автомобилот дизајниран да ја лади и предната оска и батеријата, која е лоцирана зад седиштата. За подобрување на аеродинамиката и перформансите, пак, во задниот дел е интегриран активен спојлер.

Моќноста на Lotus Evija е „монструозна“ – 2000 коњски сили, 1700Nm вртежен момент (4,5 пати повеќе од моментално најмоќниот Lotus Evora 430), забрзување од 0-100км/ч. за помалку од 3 секунди, и максимална брзина над 320км/ч.



Батеријата е со капацитет од 70kWh и овозможува домет од над 400 километри, а може целосно да се наполни за 18 минути со полнач од 800kW, кој сè уште не постои.

Батеријата напојува 4 електрични мотори (по еден на секое тркало), што значи дека погонот е на сите тркала. Бандажите се магнезиумски со големина од 20 инчи напред и 21 позади, сопирачките се јагледорно-керамички, додека гумите се Pirelli Trofeo R.



Вратите немаат рачки туку се отвораат од далечина преку клучот, а тримот во кабината е скоро целосно од јаглеродни влакна.

Поголемиот дел од важните функции на автомобилот се контролираат преку воланот, а останатите преку централната конзола. Ќе бидат произведени само 130 Lotus Evija модели, од кој секој ќе чини 1.8 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...