Nissan Ariya концепт

На овогодинешното Tokyo Motor Show, Nissan го претставија концептот Ariya – комплетно електричен автономен кросовер за кој се очекува да еволуира во продукциски модел до 2021.



Nissan Ariya е изграден врз нова модуларна архитектура која најверојатно ќе се наоѓа на сите идни електрични модели на јапонскиот бренд. Платформата има пар електрични мотори, ниско монтиран батериски пакет, систем за обновување на енергија и погон на сите тркала, а спецификациите во поглед на перформансите сè уште не се потврдени.

Благодарение на отсуството на класичен мотор и поставеноста на батерискиот пакет, Ariya има комплетно рамен под, а мноштвото стаклени површини нудат „панорамски“ поглед на опкружувањето на автомобилот.



Oвој концепт има 21-инчни алуминиумски бандажи и слични дизајнерски елементи како Nissan IMk, а финиширан е со уникатна двотонска сина боја во која има малечки стаклени честички кои создаваат два различни ефекти во зависност од аголот на гледањето. Така, од далеку автомобилот изгледа како да има матиран финиш, но од блиску бојата делува како да е металик.

Во ентериерот има контроли за температура чувствителни на допир кои се повлекуваат во командната табла кога не се користат, 12.3 инчен infotainment систем, дигитална инструмент табла, како и последната верзија на ProPilot 2.0 полу-автономниот систем за асистенција на возачот кој може да му асистира при претекнување, како и автоматски да излегува од автопатите по негово барање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...