BMW ги објави спецификациите и цените на нивната последна серија plug-in хибридни модели.
Тие ќе бидат предводени од сосема новиот BMW X3 xDrive30e, кој ја користи истата бензинско-електрична конфигурација како 330e saloon моделот. Новиот хибриден X3 ќе чини од 55 000 евра, ќе има до 55км. домет само со електричниот погон, додека CO2 емисиите ќе изнесуваат 49г/км. Комплетно електричен iX3 модел ќе следи во 2020-та.
Поголемиот BMW X5 xDrive45e ќе користи 6-цилиндричен бензински мотор во комбинација со 24kWh батерија, ќе има електричен домет од 87км. и почетна цена од 73 200 евра.
BMW 530e plug-in хибридот, пак, ќе има нова литум-јонска батерија која ќе овозможува електричен домет од 56км., потрошувачка од 66км/л. и СО2 емисии од 36х/км. Почетната цена ќе биде 54 200 евра.
Верзијата со погон на сите тркала (530e xDrive) ќе биде за околу 2000 евра поскапа од регуларната.
Plug-in хибридна верзија на подновениот BMW X1 (X1 xDrive25e) треба да се појави во почетокот на 2020, додека подоцна BMW ќе понудат и караван верзија на 330е, наречена 330e Touring, за која не се познати цените и спецификациите, но се очекува да чини нешто под 46 300 евра.