Фејслифт на Smart EQ ForTwo и EQ ForFour

Smart ги потврдија цените на новите, подобрени комплетно електрични модели EQ ForTwo и EQ ForFour кои во продажба ќе се појават во јануари оваа година, по почетна цена од 19 300 евра за најмалечкото ForTwo купе.



За таа цена следува основниот Advanced трим (еден од 4-те на располагање), кој вклучува 15-инчни алуминиумски бандажи, контрола на крстарењето, контрола на клима, 7-инчен touchscreen со сателитска навигација, сензори за паркирање и систем за полнење од 22kW. Варијантата со 4 врати (ForFour) исто така ќе ја има во 4 трим нивоа, а ќе чини околу 500 евра повеќе од EQ FourTwo.

Од Premium тримот па нагоре ќе биде понуден и кабриолет модел по почетна цена од 23 400 евра, кој вклучува 16- инчни алуминиумски бандажи, панорамски стаклен кров, камера за возење во рикверц, и мрежа за складирање на централната конзола.

Exclusive моделите ќе вклучуваат целосни LED предни и задни фарови, бришачи кои автоматски се активираат на дожд, амбиентално внатрешно осветлување, подобрени светла за магла и др., по почетна цена од 21 900 евра.

Edition One тримот ќе вклучува 16- инчни алуминиумски бандажи, преден сплитер, заден дифузер, и трим делови за каросеријата во сјајна црна и црвена боја, по почетни цени од 23 700 евра за купе и 26 400 евра за кабриолет варијантата.

Сите ForTwo и ForFour модели ќе имаат поаеродинамична хауба, променет дизајн на фаровите, спојлерот, и задниот дифузер.

Внатре, редизајнирана ќе биде централната конзола со нови држачи за чаши и оддел за складирање на смартфони.

Погонот ќе остане непроменет – сите модели ќе имаат батериски пакет од 17.6kWh и погон на задните тркала, со моќност од 82 коњски сили и 160Nm вртежен момент, максимална брзина од 130км/ч. и забрзување од 0-100км/ч. за 12 секунди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...