„Астон Мартин“ најави осум нови спортски модели до 2026 година

Британскиот производител на автомобили „Астон Мартин“ ужива внимание во секој дел од светот, особено поради успехот на својот тим во Формула 1, којшто го држи второто место во редот за конструктори и третото кај возачите, со Фернандо Алонсо. Ова, се чини, е совршено за објавување нови спортски модели од овој автопроизводител.



Компанијата, имено, има намера да претстави вкупно осум спортски модели со преден мотор до 2026 година. Пред сѐ, се очекува доаѓањето на наследникот на моделот „ДБ-11“ што најверојатно ќе биде именуван „ДБ-12“. По ова ќе следат и други нови модели коишто, според претседателот на компанијата, Лоренс Строл, „ќе донесат нова технологија и ќе внесат перформанси од Ф1 тимот“, а истовремено ќе нудат и врвен луксуз.

По наследникот на „ДБ-11“, ќе има замени и за „Вентиџ“ и „ДБС“. Повеќето од новите автомобили всушност ќе бидат варијации на споменатите модели, но ќе има и посебен нов модел на пазарот. А пак, првиот „Астон Мартин“ електричен автомобил е планиран за 2025 година.

- Создадовме нов сектор над ГТ, навистина високо ниво на луксуз со високи перформанси. Нешто ново!, истакна Строл.

Строл рече и дека проблемите со софтверот и производството што негативно влијаеле на испораката на моделот „Валкири“, се решени и дека се испорачани повеќе од 100 примероци „Астон Мартин“ продолжува да го проширува своето присуство како светски луксузен бренд преку партнерство со дизајнери за ограничени изданија часовници и зачувување на наследството со производство на делови за своите класични автомобили. Тие напори, заедно со успехот во Формула 1 оваа година и зајакнатата производна линија, му носат голем успех на овој производител на автомобили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...