„Тесла“ повлекува 1,6 милиони автомобили во Кина

„Тесла“ одлучи да повлече повеќе од 1,6 милиони електрични автомобили продадени во Кина меѓу август 2014 година и декември минатата 2023 година, по препорака на Државната администрација за регулатива на пазарот. Проблемот се однесува на функциите на автопилотот и заклучувањето на вратите, велат од агенцијата.

Увезените „Модел С“, „Модел Икс“ и „Модел 3“, заедно со возилата од кинеско производство - „Модел 3“ и „Модел Ипсилон“ - сите се повлекуваат. Американската компанија треба само да изврши ажурирање на софтверот, па возилата нема да мора да се внесуваат во работилница, се вели во соопштението.

Надлежните ги советуваат возачите во меѓувреме да бидат внимателни.

Во последното тримесечје лани, „Тесла“ испорача 484.507 возила за купувачите во Кина. Во текот на целата 2023 година, американската компанија ги исполни своите цели за продажба. Кинескиот соперник на тамошниот пазар за електромобили - „БИД“, продаде повеќе од 526.000 електрични возила во последното тримесечје, туркајќи ја така „Тесла“ на второто место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...