Супер автобусот постигнува 250км/ч

Првиот супер автобус направен е од најсовремени материјали, со 23 седишта и постигнува максимална брзина од 250 км на час. Автобусот вреден осум милиони евра е направен во Холандија, а пренесен е во Обединетите Арапски Емирати, каде ќе го користи шеик кој е сопственик на транспортното средство.

Супер автобусот е висок 1,5 метар, долг 15, а широк 2,5 метра. Направен е од лесни материјали, вклучувајќи алуминиум, карбонски влакна и фиберглас. Супер автобусот има осум врати на секоја страна, што овозможува брзо влегување и излегување.

Високата технологија со која се одликува овој автобус овозможува да се мине раздалечина од 75 милји (околу 120 км) колку што Дубаи е оддалечен од соседниот Абу Даби, за помалку од 30 минути.

Автобусот е тестиран на обичните патишта околу аеродромот во Абу Даби, а неговите батерии се полнат со соларна енергија. Богатиот сопственик на супер автобусот планира да патува по регуларни патишта и со регуларна брзина и да собира патници или во Дубаи или Абу Даби.

Овој автобус е направен на Делфт универзитетот во Холандија, под диригентската палка на професорот Вубо Окелса, кој во 1985 година стана првиот Холанѓанец во Вселената, како дел од тимот на спејс шателот Челенџер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...