ФОТО: Луксузната автомобилска “ергела“ на македонските газди

Да си сопственик на едно е гордост, но да си сопственик на четири автомобили од брендот Ферари е остварување на сонот на секој маж на планетава. Да се пофали дека го остварил тој сон, слободно може еден скопски бизнисмен, дистрибутер на алкохолни пијалоци и застапник на светски познат производител на цигари.

Нетпрес успеа да “ѕирне“ во гаражите на неколку скопски газди кои и тоа како имаат што да покажат. Од неверојатни и заводливи “Мерцедеси“, па се’ до ултра спортски и луксузни “Ферарија“ и еден и единствен “Ролс Ројс“ - секој подеднакво ќе ве остави без здив и ќе ве натера да не престанете да мислите на него.

За првиот дел од епизодите “брзи и бесни“ на Нетпрес, отидовме да се “повозиме“ со уникатните автомобили Ферари на еден успешен и познат скопски бизнисмен. Неговиот возен парк е она за што, длабоко веруваме, би “убиле“ сите мажи на светот. Од жолтото “Ферари 458 Италија“, кое е купено за 240.000 евра, па се’ до комбинацијата од спортско – елегантниот “Ферари 599 ГТБ“, овој човек со 100 отсто гласови може да каже дека го остварил сонот на секој маж, кога станува збор за автомобилите.

Како вовед ни беа “Ферари 458 Италија“ и “Ферари Ф430“, купено за 160.000 евра во 2005 година, кои само ни наговестија, што не чека кога ќе отидеме кај другите две. Во беспрекорно обезбедено и модерно поставено решение, беа паркирани и синото “Ферари 360 Спајдер“, кабриолет од 2001 година и неговиот придружник, или можеби придружничка со оглед на женствената елеганција, темно црвеното “Ферари 599 ГТБ Фиорано“ со деби на саемот во Женева во 2006 година, кога и веднаш е купено и донесено во Македонија.

Станува збор за, според експертите, најмоќната верзија на “Ферари“ која може да достигне брзина од неверојатни 330 километри на час, за што треба да платите колку и скопскиот газда, а тоа е околу 260.000 евра. Голем впечаток ни остави и првенчето, синото “Ферари Спајдер“, купено во 2001 година по цена од 130.000 евра за жешкиот скопски асфалт.

Звукот на стартувањето на секое засебно е нешто што не може да се опише, туку само да се доживее. Со огромна внимателност, секое од четирите си го наоѓа местото во срцето на гордиот сопственик, во исчекување на некое ново задоволство, кое во ниту еден случај нема да го намали воодушевувањето во очите на секој оној кој имал прилика да ги види или пак да се повози во истите.


За следниот пат Ви подготвивме нешто ултра луксузно, за кое секако вреди да не следите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...