ФОТО: Луксузната автомобилска “ергела“ на македонските газди (втор дел)

Во текстот објавен вчера за четирите Ферари, за денеска ви ветивме нешто ултра луксузно кое дефинитивно ќе го крене вашиот адреналин. Станува збор за автомобил, единствен на македонските улици и дел од 33 – те вакви возила во светот.

Честа да го поседува и да го вози ја има скопјанец, сопственик на приватен универзитет, сателитска телевизија и дневен весник.

Претпоставувате, станува збор за ултра луксузниот Maybach 62, еден од најмоќните и најлуксузните автомобили во светот.

За прв пат на македонските улици “зачекори“ пред четири години, кога и бил донесен од САД. Неговиот сопственик за него вели дека е како да се возиш во авион и дека секогаш му е чест да го вози на долги релации. Досега со него патувал до Австрија, Германија и некои други европски земји и дека возењето со него е вистинско задоволство.

Ентериерот на автомобилот е нешто за кое нема збор. Целиот е изработен од луксузна кожа со која се обвиткани седиштата и уште полуксузно дрво кое се наоѓа на внатрешните страни од вратите.

Во него има мини бар и огромна пространост која дозволува буквално патувањето да го поминете во хоризонтална положба. Во мини барот има специјално изработени чаши со амблемот на автомобилот, за кои сопственикот вели дека чинат 17.000 евра.

Горниот дел од автомобилот е целосно изработен од стакло, што го дополнува неговиот екстра елегантен стил и дизајн, а овозможува и фантастично чувство на патниците за време на возењето.

Безбедносните карактеристики на автомобилот вклучуваат странични воздушни перничиња за предните и задните патници, контрола на стабилноста, предни и задни сензори за паркирање и задна камера. Моторот на автомобилот е со 12 цилиндри, што го прави истиот неверојатно брз. Овој тип на автомобили секогаш се изработуваат специјално по нарачка на одредено лице, а според многумина, за да го добиете истиот потребно ви е сериозно “педигре“ како возач.

Сопственикот не сакаше да открие колку чини неговото “милениче“, но според податоците до кои дојде Нетпрес на Интернет, оваа серија на автомобили се продава по цена од 350 до 500 илјади евра.

Останува да му посакаме среќни патувања на господинот во неговиот Maybach 62, и не би рекле да си купи поубав, бидејќи и нема таков, зар не?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...