Пристигаат џиновски супер автобуси од иднината!

Погледнете го ова фантастично кинеско решение за проблемите со јавниот превоз. Тоа се автобуси кои возат над автомобилите и тоа на адаптирани сообраќајници.

Џиновски суперавтобуси кои се тркалаат на штули долж малите патеки меѓу сообраќајните ленти. Автобусите на тој начин не им пречат на останатите соучесници во сообраќајот, а дури и кога ќе застанат за да соберат или остават патници, останатите возила и понатаму непречено минуваат под нив.

Тие се далеку поевтини од градењето на подземни железници.

Овој Straddling Bus систем само бара некои едноставни измени на постојните улици и создавање на автобуски станици на кои повишените автобуси ќе можат да запираат.

Системот на движење на автобусите може да се вметне во шини и на тој начин да се заштеди 30 отсто енергија, поради намалување на отпорот на тркалање.  Од друга страна овие автобуси едноставно може да се движи по обоени линии кои ќе бидат патека односно смернца на претходно програмираните автобуси.

Секој автобус е шест метри широк и 4,5 метри висок, така што може да заземе две сообраќајни ленти и без проблем да се вклопи во повеќето постојни надвозници во Кина.

Секој автобус ќе има капацитет од 1.200 луѓе, што звучи многу, но не заборавајте дека Кина има над 120 градови со над милион жители, додека до 2030 година бројот ќе биде двојно поголем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...