Средношколец направил електрична Honda S2000

Повеќето од нас во тинејџерските години играл видео игри, излегувале и се забавувале, но еден средношколец одлучил своето слободно време да го мине правејќи сопствен автомобил.

Хуан Еринџер речиси секој чекор од својот проект го изработил сам: од CAD дизајн, преку изработка на делови и програмирање на електрониката. Станува збор за електричен модел на Honda S2000, а Еринџер дури со литиумските полимерни ќелии направил батерија која го придвижува електричниот мотор.

Зошто баш електричен S200? Затоа што евтино го платил автомобилот, затоа што бил оштетен, а меѓу другото S2000 може да се пофали и со особено мала тежина во фабричко издание.

Посебно се водело сметка во електричниот облик да не се зголеми тежината, па така поголем дел од самата тежина на батеријата се потпира на задната осовина.

Рачни направената батерија придвижува два електромотора кои произведуваат околу 920 KS. За жал, проценетата загуба при преносот изнесува 15 отсто, па така до тркалата на задната осовина пристигнуваат 782 „коња“ и 2040 Nm вртлив момент!

Работата на автомобилот уште трае, а кога ќе биде готов, ќе имаме еден особено жесток спортски автомобил, кој ќе биде нешто потежок од фабричкиот S2000.

Еринџер додал и посебно изработени LED задни светла, со систем стартување на на моторот без клуч. Засега има неколку проблеми за кои во моментов бара решение, но неверојатниот средношколец верува дека ќе бидат отстранети.

Се надеваме дека ќе успее во тоаа, а дотогаш уживајте во снимката од неговото прво возење.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Хасо отворил аптека. Еден ден морал да оди на службен пат, па го замолил Мујо да го замени. Кога се вратил Хасо од пат го прашува Мујо.
- Се снајде ли!
- Ееее, како не бе!
- И...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на книжевните преведувачи
- Светски ден на глувите
1846.- Американскиот стоматолог Вилијам Мортон...
1882.- Роден е германскиот физичар Ханс Вихелм...