Најбрзата лимузина во светот по багателна цена

По култниот Challenger, Dodge го претстави и Charger во SRT Hellcat верзија, која воедно е најсилната и најбрзата сериска лимузина во моментот на светот.

Американскиот Dodge „фаќа залет“ бидејќи по само два месеца откако го претстави Challenger SRT Hellcat, пристигнува и моделот Charger во истото, SRT Hellcat издание.

Него го движи 6,2 литарски HEMI V8 мотор со механичка компресија која ослободува дури 716 коњски сили и 880 Nm вртежен момент, што е воедно и најсилниот V8 која некогаш излегол од погонот на Chrysler.

Силата преку осум-степениот автоматски менувач TorqueFlite се пренесува на задните тркала, а споменатиот менувач има и можност за ускладување на бројот на вртежи при промената на степенот на пренос, со што е зголемена долготрајност на трансисијата, но и стабилност на возилото при силно кочење и „спуштање“ во понизок степен на пренос.

Кога станува збор за перформансите на основата на која Dodge ги изнесува споменатите тврдења, Charger SRT Hellcat до 96 km/h (60 милји на час) стигнува за 3,7 секунди. Истовремено, максималната брзина изнесува дури 328 km/h, што го прави најбрзиот автомобил со четири врати во моментов на светот.

Интересно е што Charger SRT Hellcat пристигнува со два контакт клучеви, од кои еден овозможува полни перформанси, додека користењето на другиот клуч ги ограничува способностите на автомобилот. Со другиот, да речеме, „послаб“ клуч, контролата на стабилноста не може да се исклучи, моторот користи поинакво мапирање, трансмисијата одбира поголем степен на пренос отколку претходно, а бројот на вртежи е лимитиран на 4.000 илјади.

За жал, Dodge не планира овој модел да го извезува во Европа, туку ќе биде достапен само на американскиот пазар и тоа по цена од околу 62.000 долари. Пресметано во евра, тоа изнесува некаде околу 46.000 што навистина ова е „багателна“ цена за автомобил со вакви перформанси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...