Porsche наскоро треба да го претстави рестилизираниот 911 Turbo S, а тестовите на популарната патека Nurburgring влегуваат во завршна фаза.
Овие денови на германската патека е забележан и прототипот на новото издание на Porsche 911, кој најверојатно ќе дебитира на авто-саемот во Париз, а дека не е во прашање само нова „шминка“, потврдува и следното видео, каде тест возачот оди скоро до крајните граници на овој автомобил, неретко дрифтајќи при излегувањето од кривините со сите четири тркала.
Имено, според најавите, Turbo S ќе има 4x4 погон.
Погледнете го видеото: